а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

апарат

мн. апарати
Вид збор: Именка, машки род
1. Сложено, готово изработено техничко средство што со вклучување врши или овозможува вршење на определена работа.
Англиски: device Албански: mjet, aparat
Употреба: Технологија
Примери:
Фотографски апарат.
Телефонски апарат.
2. Група органи кои вршат заедно некоја функција во организмот.
Англиски: apparatus Албански: aparat, organ
Примери:
Говорен апарат.
3. Организација, збир од лица кои извршуваат некаква заедничка функција.
Англиски: organization Албански: aparat, organizatë
Примери:
Државен апарат.
Изведенки
апаратче ср.
мн. апаратчиња
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи