а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ангажира

ангажираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Задолжи, задолжува некого за вршење некаква дејност.
Англиски: engage Албански: angazhoj
Примери:
Наставникот ги ангажира учениците во повеќе слободни активности.
2. Вложи, вложува средства, обично финансиски, во некаква работа, за некаква цел.
Англиски: invest Албански: investoj
Примери:
Големи средства ангажиравме во развојот на културата.
3. Зафати, зафаќа претходно, резервира.
Англиски: reserve Албански: rezervoj
Примери:
Јас ќе ангажирам двокреветна соба во хотелот.
4. (се ангажира) Се зафати, се зафаќа со некаква дејност, со некаква работа.
Англиски: engage Албански: angazhoj
Примери:
Тој многу се ангажираше околу подготовките за прославата.
Изведенки
1. ангажирање ср.
глаг. им.
2. ангажираност ж.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи