а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

анатема

мн. анатеми
Вид збор: Именка, женски род
1. Проклетство со кое се исклучува некој од црквата.
Англиски: anathema Албански: mallkim
Употреба: Црковен термин
Примери:
Римскиот папа изрече анатема кон овие безверници и кон нивното дело.
2. клетва
Англиски: curse Албански: mallkoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Старицата ја одврза шамијата од главата и почна да реди клетви и анатеми.
Место благослов од сопствениот татко таа доби анатема.
Тој фрли анатема и кон селото и кон сопствените родители, негова нога веќе таму не стапна.
Изрази
Фрли анатема - проколне нешто и се откаже од него засекогаш.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи