а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

анализа

мн. анализи
Вид збор: Именка, женски род
1. Откривање факти и изведување заклучоци преку расчленување на целината на нејзините составни елементи.
Англиски: analysis Албански: analizë
Примери:
Нашите досегашни анализи не ги дадоа посакуваните резултати.
Длабинската анализа на драмскиот текст може да се прикаже со помош на овој метод.
Тие извршија јазична анализа на неговите записи.
2. Лабораториска постапка за утврдување на составот на некоја материја.
Англиски: analysis Албански: analizë
Употреба: Хемија
Примери:
Анализата на водата покажува присуство на тврди материи.
Анализите на крвта покажаа присуство на вирус.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи