а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

акција

мн. акции
Вид збор: Именка, женски род
1. работа, дејност, дејство
Англиски: action Албански: veprim
Примери:
работна акција
политичка акција
2. движечка сила
Англиски: action Албански: aksion
Употреба: Физика
Примери:
Отсуство на акција и реакција.
3. воена операција
Англиски: action Албански: sulm
Употреба: Воен термин
Примери:
Акциите на бунтовниците се зачестија.
4. Вредносна хартија како удел во капиталот на акционерско претпријатие.
Англиски: share Албански: aksion
Употреба: Економија
Примери:
Во продажба се акциите на комбинатот.
Изрази
Му растат акциите - му расте угледот.
Изведенки
1. акционен прид.
акциониот
Што се однесува на акција.
2. акциски прид.
акцискиот
3. акционо прил.
Пример: Во филмот акционо е дадена борбата на султанот.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи