а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

акцентира

акцентираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Нагласи, нагласува, изговори, изговара со поголема сила на глас одделен слог од зборот.
Англиски: accentuate Албански: theksoj
Употреба: Лингвистика
Примери:
Тој по грешка го акцентираше вториот слог од крајот на зборот.
2. Стави, става, обележи, обележува акцентски знаци на одделни слогови во пишан текст.
Англиски: accentuate Албански: theksoj
Употреба: Лингвистика
Примери:
Дијалектолозите ги акцентираат сите зборови во текстовите.
3. Истакне, истакнува, стави, става во прв план нешто.
Англиски: accentuate Албански: theksoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Управниот одбор ги акцентира последните успеси на сопственото работење.
Изведенки
акцентирање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи