а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

акредитив

мн. акредитиви
Вид збор: Именка, машки род
1. Писмено овластување на дипломатски претставник кај влада на друга земја.
Англиски: credential Албански: akreditiv, kredencial
Употреба: Дипломатија
Примери:
Амбасадорот му ги предаде акредитивите на претседателот веднаш по пристигнувањето во земјата.
2. Писмен налог за отворање кредит во банка.
Англиски: letter of credit Албански: akreditiv, letërkredi
Употреба: Економија
Примери:
Сите вработени имаа акредитиви во банката.
Изведенки
акредитивен прид.
акредитивниот
Пример: Акредитивно писмо. Акредитивни документи.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи