а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

акорд

мн. акорди
Вид збор: Именка, машки род
1. Созвучје, истовремено звучење на три или повеќе тонови со различна висина.
Англиски: chord Албански: akord
Употреба: Музика и танц
Примери:
Последните акорди замреа.
2. Хармоничен спој на нешто.
Англиски: harmony Албански: harmoni
Употреба: Преносно значење
Примери:
Акордите на сопствената среќа.
Семоќен акорд на болката или радоста.
3. Плаќање според завршената работа, на парче.
Англиски: piecework Албански: akord
Употреба: Економија
FlexiMac
 менување на македонски глаголи