а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

академски

академска
Вид збор: Придавка
1. Што се однесува на академија на науките и на академик.
Англиски: academic Албански: akademik
Употреба: Наука
Примери:
академско гледиште
2. Што е теориски, крут, тешко сфатлив.
Англиски: academic Албански: akademik
Примери:
Нашава расправа заприличува на јалов академски спор.
3. Што е научен, објективен и непристрастен.
Англиски: scientific Албански: akademik, shkencor
Примери:
академска расправа
4. Што се стекнува со диплома на факултет или друга висока школа.
Англиски: academic Албански: akademik
Употреба: Образование
Примери:
академско звање
академски степен
академска титула
5. Што е универзитетски, студентски.
Англиски: academic Албански: akademik
Употреба: Образование
Примери:
Академски граѓанин - студент на универзитет.
Изведенки
академски прил.
Пример: Мисли малку академски на проблемот!
FlexiMac
 менување на македонски глаголи