а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

азил

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
1. Заштита што една држава им ја укажува на политичките емигранти од странски земји.
Англиски: asylum Албански: azil
Употреба: Политика
Примери:
Им даде азил на воените бегалци кога беа најзагрозени.
2. Неприкосновено место (во Средниот век црквите и манастирите) каде што обвинетите можеле да се засолнат и да избегнат казна.
Англиски: asylum Албански: azil
Употреба: Историја
Примери:
Таа дојде сама спасувајќи се и ние и дадовме азил.
3. Установа за згрижување болни, малолетни и сиромаси.
Англиски: asylum Албански: azil
Примери:
Беше отворил азил за болните од водена болест и за умоболните.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи