а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ага

мн. аги
Вид збор: Именка, машки род
1. Земјопоседник, заможен граѓанин, господар во царска Турција.
Турски: ağa Албански: agë
Употреба: Историја
Примери:
Долги години одеа овчари заедно кај битолските аги.
Децата си имаат мајка, ќе ги одгледа, ќе ги порасне и ќе ги направи робови на агата.
2. Назив на заповедник во турската платеничка војска.
Турски: ağa Албански: agë
Употреба: Воен термин , Историја
Примери:
Нашите го напаѓаат Прилеп и агите се бранат со топовите.
3. Почесен назив на секој угледен Турчин за обраќање од страна на нетурското население.
Турски: ağa Албански: agë
Употреба: Историја
Примери:
Преседоа агите преку зимските месеци, пројадоа, пропија, се науживаа во конаците.
Изрази
Со лага ага не бидува - со лага ништо не се постигнува.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи