а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

авторитет

мн. авторитети
Вид збор: Именка, машки род
1. (само едн.) Доверба, почитување, углед, влијание со лична вредност.
Англиски: authority Албански: autoritet
Примери:
Авторитетот на родителите во фамилијата е неприкосновен.
Овој политичар веќе го изгуби својот авторитет.
2. Лице со голем научен, морален, уметнички и друг углед.
Англиски: authority Албански: autoritet
Примери:
Тој е авторитет од областа на органската хемија.
Авторитети од земјата и странство присуствуваа на отворањето на конгресот.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи