а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

автомат

мн. автомати
Вид збор: Именка, машки род
1. Апарат што извршува определени дејства, работи без непосредно учество во секое од нив.
Англиски: automat Албански: automat
Употреба: Технологија
Примери:
Ќе пуштиш метална паричка во автоматот и веднаш ќе ја чуеш музиката.
2. Автоматско рачно огнено оружје.
Англиски: automatic-gun Албански: armë automatike
Употреба: Воен термин
Примери:
Двајца мажи во униформи со автомати на рамо и со пиштоли на појас нешто зборуваа.
3. За човек што работи без да размислува, само физички извршува определени дејства, притоа е управуван од други.
Англиски: robot Албански: robot
Употреба: Пејоратив , Преносно значење
Примери:
Таа жена е вистински автомат, прави сѐ што ќе ѝ каже мажот.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи