час

мн. часови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 174
1. Како мерка, единица за време - што се дели на 60 минути.
Англиски: hour Албански: оrë
Примери:
Состанокот траеше два часа.
половина час
2. Како мерка за пат, за растојание.
Англиски: hour Албански: orë
Примери:
До врвот има уште два часа одење.
3. (само едн.) Членувано за определено време од деноноќието.
Англиски: clock Албански: orë
Примери:
Дојди во три часот.
Возот тргнува во осум часот и десет минути.
4. Време определено за учебни занимања.
Англиски: lesson Албански: mësim
Употреба: Образование
Примери:
час по математика
По третиот час, го напушти одделението.
Тој дома дава часови.
5. момент
Англиски: moment Албански: moment
Примери:
овој час
(во) истиот час
од тој час
И не би час. Ја скрила невестата и не би час, ете го и него.
И тој час станал домаќинот и излегол.
На часот (поретко: на час, часот).
еден час
Појди еден час, те молам, кај него и речи му да дојде.
(разг.) Секој час го очекуваме да се врати.
6. Везден, постојано, во секој момент.
Англиски: time Албански: kohë
Примери:
смртен (претсмртен) час
на добар час
час поскоро
Изрази
Му удри часот - му дојде часот.
Во дванаесеттиот час - во последниот момент.
Дванаесеттиот час удри - дојде крајот.
Удри часот - дојде време.