светка

светкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3309
1. (само во 3 л.) За молскавица, блеска со силна, искричава, заслепувачка светлина.
Англиски: flash Албански: ndris, shkëlqen
Примери:
Светкаат светкавици.
2. (само во 3 л.) За очи: блеска, блескоти.
Англиски: flash Албански: shkëlqen, ndrit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Му светкаат очите како на ѓавол.
3. Пушта треперава светлина.
Англиски: shine Албански: ndriçon, shkëlqen
Примери:
Нешто светкаше во шумичката.