пристаниште

мн. пристаништа
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 2978
1. Посебо уредено место на река, езеро, море каде што застануваат, се закотвуваат пловни објекти и каде што се врашат работите поврзани со водниот сообраќај.
Англиски: harbour, haven Албански: port, liman
Употреба: Транспорт
Примери:
Бродови закотвени во пристаништата.
рибарско пристаниште
2. Град со такво место.
Англиски: port Албански: port
Употреба: Географија
3. пристан
Англиски: haven Албански: strehë, liman
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговиот живот влегува во мирно пристаниште.