попара

мн. попари
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 12280
Издробен сув леб попарен со врела вода, масло, млеко, чај и др.
Англиски: porridge Турски: papara Албански: përshesh
Употреба: Гастрономија
Изрази
Тој ја јал попарата - тој го извлекол полошиот крај.
Дојде на готова попара - дошол на готово, на завршена работа.
Тој ја надроби таа попара - направи некому, стави некого во непријатна ситуација.
(посл.) Не сркај со деца попара.
Изведенки
попарица ж.
мн. попарици