мразулец

мн. мразулци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 10104
1. Парче мраз, обично долго и тенко, што се фаќа на предметите од кои капе вода.
Англиски: icicle Албански: ehull, copë akulli
Примери:
На стреите висеа мразулци.
Мустаќите му фатиле мразулци.
На дрвјата се фаќаа мразулци.
Мразулците се кршеа.
2. Мрсул што виси од носот.
Англиски: snot Албански: qyrra
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Под носето му се фаќаат мразулци.
Изведенки
мразулче ср.
мн. мразулчиња
дем.