костур

мн. костури
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 5551
1. Сите коски заедно, коскената конструкција на човечко или на животинско тело.
Англиски: skeleton Албански: skelet
Употреба: Анатомија
2. Многу слаб човек.
Англиски: skeleton Албански: skelet
Употреба: Медицина , Преносно значење , Разговорно
Примери:
Костур се стори од болеста.
жив костур
3. За зграда - носечка конструкција.
Англиски: skeleton Албански: skelet
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Направи куќичка со дрвен костур и ѕидови од плитар.
4. Тоа што служи како основа за понатамошна работа, главни црти на нешто.
Англиски: skeleton Албански: skelet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Костур на книгата.