знаме

мн. знамиња
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 1299
Широко парче платно со определена боја или комбинација на бои и со определен знак (обично прицврстено на стап или на копје) што претставува симбол на држава, народ, организација. спортски клуб и сл.
Англиски: flag Албански: flamur
Примери:
Државно знаме.
Партиско знаме.
Знаме на Црвениот крст.
Изрази
Бело знаме - барање примирје или преговори.
Бело знаме - признавање на поразот.
Знамето е на половина копје - знак на жалост.
Служи под туѓо знаме - брани туѓи интереси.