еден

Види и: еден (бр.)
едни
Вид збор: Придавка
Ранг: 113
1. Ист, еднаков со некој или со нешто.
Англиски: same Албански: njësoj
Примери:
Дури и по возраст сите беа една година родени.
Не беа од една мајка со Тихона.
2. единствен, сам
Англиски: only Албански: vetëm
Примери:
Таа е една на мајка.
Еден, тешко ќе му биде.
3. За означување однос еден спрема друг.
Англиски: one
Примери:
И едните и другите се смееја.
Поради една или друга причина.
4. Означува приближна вредност во спој со бројот два (еден-два)
Англиски: about
Примери:
На секого по еден-два грста.