врба

мн. врби
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3220
Листопадно дрво или грмушка од таа фамилија што расте крај вода или на влажна почва.
Латински: Salix Англиски: willow Албански: shelg
Употреба: Ботаника
Примери:
Над реката врби никнат.
Од врбите капеше слатка мана.
Врба на речниот брег.
Изрази
Жална (плачна) врба - вид врба со долги спуштени, виснати гранки; Ѕаliх babylonica
Изведенки
врбичка ж.
мн. врбички
дем.