беса

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 18898
Чесен збор, даден збор што се смета за светост во традиционалната култура на Албанците; ветување.
Англиски: oath Албански: besë
Употреба: Разговорно
Примери:
Крвната одмазда, бесата и побратимството ја штителе зедницата, но не и поединецот во неа.
Ако се навистина од збор, ако во нив не умрела нивната исконска беса, тогаш и натаму ќе чади нашиов оџак.
Ја исполни бесата.
Изрази
Даде беса - даде збор, вети, се заколне.