багрем

мн. багреми
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 7218
Листопадно дрво, со високо тенко стебло и бело-розов цвет со опоен мирис (бела акација).
Латински: Robinia pseudoacacia Англиски: black locust Албански: akacie, bagrem, rogovecë
Употреба: Ботаника
Примери:
Мирисот на багремот.
Улица со багреми.
Изведенки
1. багремче ср.
мн. багремчиња
дем.
2. багремиште ср.
мн. багремишта
аугм.