авион

мн. авиони
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1711
Метална направа за летање што ја движи мотор, а се одржува во воздух со помош на крила.
Англиски: airplane Албански: avion, aeroplan
Употреба: Транспорт
Примери:
Биди стрплив, ќе леташ со авион, хеликоптер, можеби со ракета.
млазен авион
пробен авион
транспортен авион
Изведенки
1. авионски прид.
авионскиот
Пример: Авионски мотор.
2. авионче ср.
мн. авиончиња
дем.