филозофија

мн. филозофии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2154
1. Наука за најопштите закони на развитокот на природата, човечкото општество и мислењето.
Англиски: philosophy Албански: filozofi
Употреба: Религија и Филозофија
Примери:
Историјата на филозофијата.
2. Сфаќањето на нешто, убедување, концепција.
Англиски: philosophy Албански: filozofi
Употреба: Разговорно
Примери:
Тоа беше негова филозофија до која се држеше во животот.
3. Методолошките принципи што лежат во основата на некоја наука.
Англиски: methodology Албански: metodologji
Примери:
Филозофијата на лингвистиката.
4. (мн. филозофии) Излишни умствувања.
Англиски: philosophization Албански: filozofijat
Употреба: Иронично , Разговорно
Примери:
Доста со тие ваши филозофии.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи