улица

мн. улици
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 224
1. Пат меѓу згради во населено место.
Англиски: street Албански: rrugë
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
главна улица
тесна (широка) улица
жива (прометна) улица
пуста улица
забутана улица
Имињата на улиците се ставаат во наводници.
2. Населението на една улица.
Англиски: block Албански: bllok
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Целата улица се плаче од него.
3. Средината што е надвор од контролата на семејството, на училиштето или на која и да било општествена установа.
Англиски: street Албански: rruga
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ние не треба да дозволиме нашите деца да ги воспитува улицата.
Изрази
(разг.) Го исфрли на улица - го истера од работа.
(разг.) Ја остави на улица - без средства за живот.
Мери улици - шета, ништо не работи, безделничи.
Излезе на улица - протестира против нешто.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК