три

трите
Вид збор: Број
Ранг: 153
1. Основен број за определена бројност, се бележи со бројката 3.
Англиски: three Српски: три Албански: tre Бугарски: три
Примери:
Во три часот.
Два-три дена.
Две-три години.
Три-четири.
Три пати.
2. Три девет - три пати по девет.
Албански: tre herë
Употреба: Народна поезија
3. Три толку.
Албански: tre
Употреба: Разговорно
Изрази
Прави се на три и пол - се прави луд.
(посл.) Секое чудо за три дена.