северен

северни
Вид збор: Придавка
Ранг: 3373
1. Кој се однесува на север; кој се наоѓа на север, расположен на север од нешто; својствен на север.
Англиски: northern Албански: i veriut, verior
Употреба: Географија
Примери:
Северен Пол
северен правец
северен прозорец
На северниот крај на селото.
2. За ветер - кој дува од север.
Англиски: northern Албански: veriu
Примери:
северен ветер
3. Како составен дел на некои зоолошки називи.
Англиски: northern Албански: verior
Примери:
северен елен