правило

мн. правила
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 666
1. Одредба, принцип, пропис што се однесува на организацијата и начинот на работа, односите меѓу луѓето во една средина и сл.
Англиски: procedure Албански: rregull, normë
Примери:
Ова правило треба сите да го почитуваат.
Правила на службата.
Христијански правила.
2. (обично во мн.) Збир од такви одредби, прописи што го определуваат начинот на извршување на нешто.
Англиски: rule Албански: rregull
Примери:
Правила на игра.
Правила на бонтон.
3. Поставка заснована на постојаниот, непроменлив однос меѓу определени појави што изразува некаква законитост.
Англиски: rule Албански: rregull
Примери:
Граматичко правило.
Правописни правила.
Исклучок од правилата.
Изрази
Златно правило - основно најважно правило.
По правило; како правило - најчесто, обично.