пијан

пијаниот
Вид збор: Придавка
Ранг: 2305
1. Што се опил со алкохална пијачка; пијан човек.
Англиски: drunk
Примери:
Пијан како ќутук.
Пијан како земја.
Пијан како дрво.
Пијан (дури) однесен.
2. Својствен на човек што се опил.
Англиски: alcoholized
Примери:
Во пијана состојба.
3. Обземен од силно чувство; опиен, опијанет.
Англиски: euphoric
Употреба: Преносно значење
Примери:
Пијан од радост.
Изрази
(разг.) мртов-пијан