пердув

мн. пердуви
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4345
Мек израсток од птица.
Англиски: feather Албански: pupël, pendël
Употреба: Зоологија
Примери:
Овој пердув е од гуска, а тие пердуви се од кокошка.
Душекот му е полн пердуви.
(разг.) Лесен како пердув.
Изрази
И пердув да си кладе на капата, пак попустина.
Пердув нема да остане од него (ако го грабнам).
Мисирот го надул пердувот.
Пердуви ќе летаат - работите ќе се средат со примена на сила.