ока

мн. оки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 4427
Мерка за тежина - 1282 грама.
Турски: okka
Употреба: Архаизам
Примери:
две оки вино
ока брашно
ока сирење
Изрази
За инает ока сол јаде - тој што е инаетлив прави работи и на своја штета.
Изеде сто оки ќотек - добие многу ќотек, многу е тепан.