огледало

мн. огледала
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 663
1. Мазна, блескава површина, обично од стакло, покриена со амалгам од едната страна во која се образуваат лицата и предметите што се наоѓаат пред неа.
Англиски: mirror Албански: pasqyrë
Примери:
Застана пред огледалото.
ѕидно огледало, овално огледало
2. слика, одраз
Англиски: reflection Албански: pasqyrë, reflektim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Очите се огледало на душата.
Настанот е огледало на состојбата во македонската музика.
Изведенки
огледалце ср.
мн. огледалца
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК