нараквица

мн. нараквици
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 11565
(обично во мн.) Дел од облеката или од специјален прибор што се навлекува на раката, на дланката и прстите.
Англиски: glove
Примери:
Хируршки нараквици.
Кожени нараквици.
Плетени нараквици.
Изрази
Му ја фрли нараквицата - го предизвика (на двобој, на борба).
Зборува во нараквици - зборува со заобиколување, не директно, во убава форма, не навредливо.