мозок

мн. мозоци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1277
1. Централен орган на нервниот систем кај човекот и животните сместен во черепот на главата.
Англиски: brain Албански: tru
Употреба: Анатомија
Примери:
голем мозок
мал мозок
2. коскена срцевина
Англиски: bone marrow Албански: palcë ashti
Употреба: Медицина
3. памет, ум
Англиски: brain Албански: mendje, tru
Примери:
човек без мозок
4. Многу паметен, надарен човек.
Албански: mendje, tru
Примери:
Вистински мозок си!
5. Главен носител на идеја, двигател на потфат, на проект.
Албански: tru
Примери:
Тој беше мозокот на целата операција.
Изрази
Пилешки мозок - нема мозок, не е паметен.
Му го заврти мозокот - го залуди, го маѓепса.
(мед.) Потрес на мозокот - повреда при пад, удар и сл.