кореспонденција

(едн.) кореспонденцијата
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 14680
1. Размена на писма меѓу две лица или установи; преписка.
Англиски: correspondence Албански: korrespndencë
Примери:
Започна кореспонденција меѓу двете библиотеки.
2. Збир на писма и пратки.
Англиски: correspondence Албански: korrespondencë
Примери:
Ја собра целата кореспонденција.
3. комуникација, соработка
Англиски: correspondence Албански: korrespondencë
Примери:
Лесно воспоставува кореспонденција со помладите.
Изведенки
кореспонденциски прид.
кореспонденцискиот
Пример: Кореспонденциски пат.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК