интегрален

интегралниот
Вид збор: Придавка
Ранг: 13530
1. Што се однесува на интеграл.
Англиски: integral
Употреба: Математика
Примери:
Интегрално сметање.
2. Што е неделив дел од целината, неразделно сврзан за неа; што ги има сите составни делови.
Англиски: whole
Примери:
Интегрална храна.
Интегрален дел на наставата по мајчин јазик е граматиката.
Интегрален текст.
Изрази
Интегрален ориз (брашно и сл.) - на кој му се зачувани сите состојки при мелењето.
Изведенки
1. интегрално прил.
Пример: Неговото дело не е интегрално преведено на македонски јазик.
2. интегралност ж.