жетва

мн. жетви
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 4386
1. Жниење и собирање на житото.
Англиски: harvest Албански: koorje
Употреба: Земјоделство
Примери:
Ќе одиме на жетва.
2. Време на жетвените работи.
Англиски: harvest Албански: korrje
Примери:
Тоа беше по жетвата.
3. Принос од житото.
Англиски: crop Албански: të korra
Употреба: Земјоделство
Примери:
богата жетва, слаба жетва.
4. Плодови, резултати од трудот.
Англиски: yield Албански: të ardhura
Употреба: Преносно значење
Примери:
Нашата генерација ја жнее жетвата на многу пред нас.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи