денгуба

Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 35151
1. Залудно потрошено време.
Англиски: idleness Албански: përtaci
Примери:
Противник е на мрзливоста и на денгубата.
Не гледај во туѓите денгуби.
2. Тој што денгуби, што залудно го троши времето.
Англиски: idler Албански: përtac
Примери:
Покрај патниците секогаш имаше и денгуби што седеа на станицата.
Тие беа денгуби, седеа во кафеаната и цел ден раскажуваа за старите времиња.
Не биди денгуба.
Изведенки
денгуба м.
мн. денгуби
FlexiMac
 менување на македонски глаголи