веѓа

мн. веѓи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1823
1. Со влакна обраснат лак над очната длабнатина.
Англиски: eyebrow Албански: vetullë
Употреба: Анатомија
Примери:
Сите погледи се свртеа кон момчето со бујни веѓи.
2. Крајниот дел од голема рибарска мрежа.
Англиски: fishing net Албански: rrjet peshkimi
Изрази
Гајтан веѓи - тенки, црни веѓи.
Набра (свие) веѓи - се намурти.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК