реон

мн. реони
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 5415
1. Месност определена со некакви географски, економски и сл. признаци; дел од населено место определено со некакви признаци.
Англиски: area Албански: rajon
Примери:
Земјоделски реон.
Индустриски реон.
Работнички реон.
2. Пространство во чии предели станува некое дејство; подрачје на дејност.
Англиски: radius Албански: radius
Примери:
Во реонот на воените акции.
Во реонот на одредот.
Секој го контролираше својот реон.
Тоа не е во негов реон.
3. Административно-територијална единица во поголем град.
Англиски: municipality Албански: komunë
Примери:
Живееше во вториот реон.
Скопје имаше четири реони.
4. Место расположено во кругот на некој поважен објект.
Англиски: vicinity Албански: rethinë
Примери:
Во реонот на станицата.
Во реонот на болницата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи