кукурек

мн. кукуреци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 14286
1. Многугодишно растение со длановидни и расечени лисја до основата, cо крупни светлозелени цветови, весник на пролетта.
Латински: Helleborus оdorus Англиски: Christmas rose Албански: shpendër
Употреба: Ботаника
Примери:
Од под земјата се подаваше кукурек, гороцвеќе.
2. Витален здрав човек.
Албански: kukurek, njeri vital
Употреба: Разговорно
3. Вид јадење од плетени јагнешки црева.
Турски: kokoreç Албански: kukurek, lloj haje
Употреба: Гастрономија
Изрази
Ќе те направам кукурек (до утре) - ќе те оздравам.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи