ведар

ведриот
Вид збор: Придавка
Ранг: 4469
1. Што е јасен, без облаци.
Англиски: clear
Примери:
Ноќта беше ведра, полна со месечина.
Ведро небо, ведра ноќ, ведар ден.
2. Јасен, спокоен, со живи светли бои.
Англиски: bright
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се загледа во него со своите ведри очички.
Ведра мисла, ведар дух, ведро расположение, ведри бои.
Изрази
Како гром од ведро небо - одненадеж, неочекувано.
Со ведро чело - смело, гордо.
Под ведро небо - на отворено, во природа, без покрив над главата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК