vestry - онтологија

ѓаконик повеќе

мн. ѓаконици
Вид збор: Именка, машки род
Просторија покрај олтарот или вдлабнатина во олтарот што служи за чување црковни предмети за кои обично се грижи ѓаконот.
Употреба: Црковен термин

ризница повеќе

мн. ризници
Вид збор: Именка, женски род
Просторија во цркви за чување на одежди и други скапоцености.
Албански: thesar
Употреба: Црковен термин

сакристија повеќе

мн. сакристии
Вид збор: Именка, женски род
Просторија, дел од црква каде што се чуваат предметите што се употребуваат при обредите.