tool - онтологија

алат повеќе

мн. алати
Вид збор: Именка, машки род
Орудие или прибор за еден занает или за рачна работа.
Турски: alet Албански: vegël
Употреба: Технологија

алатка повеќе

Види и: алат (м.)
мн. алатки
Вид збор: Именка, женски род
Орудие, одделно парче од алатот.
Турски: alet Албански: vegël
Употреба: Технологија

орудие повеќе

мн. орудија
Вид збор: Именка, среден род
Предмет што човекот го употребува и со кој се служи во разни дејности, пред сѐ во совладувањето на природата; инструмент за работа.
Албански: vegël

прибор повеќе

мн. прибори
Вид збор: Именка, машки род
Комплетт предмети, инструменти и др. што имаат слична намена и што заемно се дополнуваат.