strengthen - онтологија

дозацврсти повеќе

Види и: зацврсти (св.)
дозацврстат
Вид збор: Глагол, свршен
Зацврсти нешто сосема, до крај, достегне, доутврди.
Албански: përforcoj
Зголеми доверба.
Албански: përforcoj
Употреба: Преносно значење

жугне повеќе

жугнат
Вид збор: Глагол, свршен
порасне, зајакне
Албански: forcoj

заздрави повеќе

заздрават
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некого посилен, посигурен во нешто.
Албански: përforcoj

зајакне повеќе

зајакнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да биде појак, посилен.
Албански: përforcoj
Дојде до израз, ја зацврсти својата позиција, положба и сл.
Албански: forcoj
Употреба: Преносно значење
(се зајакне) Се поправи, стане појак, посилен.
Албански: forcohem

закрепи повеќе

закрепат
Вид збор: Глагол, свршен
Зацврсти, засили нешто (идеја, чувство, желба) кај некого.
Албански: forcoj
Употреба: Преносно значење

закрепне повеќе

закрепнат
Вид збор: Глагол, свршен
Зацврсти, зајакне нешто.
Албански: forcohet
Употреба: Преносно значење

засили повеќе

засилат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане посилно, да се изрази, да се пројави во поголем степен.
Албански: forcoj
Направи да биде нешто посилно во својата намена, состојба.
Албански: forcoj
(се засили) Стане посилен, добие поголема сила, моќ.
Албански: forcoj

затврдне повеќе

затврднат
Вид збор: Глагол, свршен
затврди
Албански: përforcoj
Употреба: Преносно значење

јакне повеќе

јакнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Станува појак, посилен.
Албански: forcohem
Прави некого појак, посилен.
Албански: forcon

јакнее повеќе

Види и: јакне (несв.)
јакнеат
Вид збор: Глагол, несвршен
јакне

крепне повеќе

крепнат
Вид збор: Глагол, несвршен
јакнее, зацврснува

крлави повеќе

(се) крлават
Вид збор: Глагол, несвршен
заздравува, закрепнува
Употреба: Разговорно

најакне повеќе

најакнат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане појак, поцврст.

окрепи повеќе

окрепат
Вид збор: Глагол, свршен
зацврсти

окрепне повеќе

окрепнат
Вид збор: Глагол, свршен
закрепне

омоќи повеќе

Види и: моќ (ж.)
омоќат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане моќен.

поджугне повеќе

поджугнат
Вид збор: Глагол, свршен
За деца - зајакне малку, порасне малку.

подзакрепи повеќе

Види и: закрепи (св.)
подазакрепат
Вид збор: Глагол, свршен
(се подзакрепи) се поткрепи, зајакне, се зацврсне
Албански: forcohem, konsolidoj
Употреба: Преносно значење

подзакрепне повеќе

Види и: закрепне (св.)
подзакрепнат
Вид збор: Глагол, свршен
Закрепне, стане појак од порано.
Албански: forcohet
(се подзакрепна) Касне леб, храна, малку.
Албански: forcohem

подзасили повеќе

Види и: засили (св.)
подзасилат
Вид збор: Глагол, свршен
Зацврсне малку, во извесна мера.
Албански: forcoj
(се подзасили) Стане малку појак, посилен од порано, зацврсне донекаде.
Албански: forcohem, konsolidohem

позаздравее повеќе

Види и: позаздрави (св.)
позаздравеат
Вид збор: Глагол, свршен
Закрепне, зацврсти, подобри некаква состојба.

позаздрави повеќе

Види и: заздрави (св.)
позаздрават
Вид збор: Глагол, свршен
Закрепне, зацврсти, подобри некаква состојба.
Албански: shërohem, forcohem

позајакне повеќе

Види и: зајакне (св.)
позајакнат
Вид збор: Глагол, свршен
Зајакне, засили, зацврсти во поголем степен.

позасили повеќе

Види и: засили (св.)
позасилат
Вид збор: Глагол, свршен
Засили нешто малку повеќе.
Албански: përforcoj
(се позасили) Се засили малку повеќе.
Албански: forcoj më tepër

позацврсти повеќе

Види и: зацврсти (св.)
позацврстат
Вид збор: Глагол, свршен
Зацврсти, засили нешто малку повеќе.
Албански: përforcoj

понајакне повеќе

Види и: најакне (св.)
понајакнат
Вид збор: Глагол, свршен
Најакне малку, донекаде или во поголема, доволна мера.

пооправи повеќе

Види и: оправи (св.)
пооправат
Вид збор: Глагол, свршен
(се пооправи) Се оправи, оздрави, закрепне донекаде.

попоткрепи повеќе

Види и: поткрепи (св.)
попоткрепат
Вид збор: Глагол, свршен
(се попоткрепи) Се поткрепи малку, до определен степен.
(се попоткрепи) Се поткрене зајакне малку, материјално.

потенцира повеќе

потенцираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
засили, засилува, зголеми, зголемува
Албански: potencoj, theksoj

поткрене повеќе

поткренат
Вид збор: Глагол, свршен
Оправи, врати сила, здравје некому.
Албански: përforcoj
(се поткрене) Закрепне малку материјално.
Албански: përforcoj

поткрепи повеќе

поткрепат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде сила, зајакне.
Албански: forcoj
(се поткрепи) Врати сила, се оправи, оздрави; закрепне материјално.
Албански: forcoj

потпорасне повеќе

Види и: порасне (св.)
потпораснат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане малку поголем, повозрасен; зајакне, закрепне малку.
Албански: rritet

развие повеќе

развијат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да израсне, да закрепне.
Албански: zhvilloj
Употреба: Воен термин

распламти повеќе

распламтат
Вид збор: Глагол, свршен
(се распламти) се засили, се разгори
Албански: përhap
Употреба: Преносно значење

рашири повеќе

рашират
Вид збор: Глагол, свршен
(се рашири) Стане посилен, зголеми се по број, обем.
Албански: forcoj

усили повеќе

усилат
Вид збор: Глагол, свршен
засили
Албански: forcoj
(се усили) се засили
Албански: forcoj

усилува повеќе

усилуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
засилува
Албански: forcoj
(се усилува) се засилува
Албански: përshpejtoj

утврди повеќе

утврдат
Вид збор: Глагол, свршен
заздрави, закрепи
Албански: përforcoj

челичи повеќе

Види и: челик (м.)
челичат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се челичи) се зајакнува, зацврснува
Албански: çelikos, forcoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во тешкотиите се челичиме.