spoil - онтологија

впали повеќе

(се) впалат
Вид збор: Глагол, свршен
За брашно - се расипе од стоење или од топлина.

гали повеќе

галат
Вид збор: Глагол, несвршен
разгалува, угодува, попушта
Албански: përkëledh

груби повеќе

грубат
Вид збор: Глагол, несвршен
Станува грд.

затруе повеќе

Види и: труе (несв.)
затрујат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши негативно влијание, наведе на погрешно мислење.
Албански: prish

избугари повеќе

избугарат
Вид збор: Глагол, свршен
расипе
Албански: prish

изопачи повеќе

изопачат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изопачи) се расипе
Албански: prishet

израсипе повеќе

Види и: расипе (св.)
израсипат
Вид збор: Глагол, свршен
Расипе во морална смисла повеќемина.
Албански: prish, dëmtoj
Употреба: Преносно значење
(се израсипе) Се расипе во морална смисла.
Албански: prishem
Употреба: Преносно значење

испогани повеќе

испоганат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испогани) Стане поган, нечист.
Албански: fëlliq

исчуручи повеќе

(се) исчуручат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане чурук, лош, злобен, се расипе.
Употреба: Разговорно

лицка повеќе

лицкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Гали, разгалува некого.
Албански: lazdëroj

лоши повеќе

(се) лошат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се расипува, станува лош.
Албански: prishem, bëhem i keq

окашка повеќе

окашкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Расипе, исплетка, измеша нешто.
Албански: prish
Употреба: Преносно значење , Разговорно

помати повеќе

поматат
Вид збор: Глагол, свршен
Намали задоволство, радост, уживање и сл.
Албански: zvogëloj
(се помати) Се расипе, се намали интензитет, квалитет на односи, на живот.
Албански: dëmtoj

поразгали повеќе

Види и: разгали (св.)
поразгалат
Вид збор: Глагол, свршен
Разгали малку некого.
(се поразгали) Се разгали малку, во некоја мера.

разгали повеќе

разгалат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некого да стане гален.
Албански: lazdëroj
Примери:
Многу се ги разгалиле децата.

разгашти повеќе

разгаштат
Вид збор: Глагол, свршен
Остави некого без стега, направи распуштен, недисциплиниран.
Албански: prish, shpërbër
Употреба: Преносно значење
(се разгашти) Се држи распуштено, недисциплинирано.
Албански: prish, dëmtoj
Употреба: Преносно значење

раздрнка повеќе

раздрнкаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се раздрнка) Се распаше, остане без контрола.
Албански: humb kontroll
Употреба: Преносно значење

разнежи повеќе

разнежат
Вид збор: Глагол, свршен
Научи на нежност, на удопство, комфор.
Албански: lazdëroj, bën të ndijshëm

расипе повеќе

расипат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши лошо влијание врз некого.
Албански: dëmtoj
Употреба: Преносно значење
(се расипе) Пропадне морално, стане лош, невоспитан.
Албански: dëmtoj
(се расипе) Стане неупотребливо.
Албански: dëmtoj

раскалави повеќе

раскалават
Вид збор: Глагол, свршен
разгали, распушти
(се раскалави) Се разгали, се распушти, се однесува неодговорно.

распаше повеќе

распашат
Вид збор: Глагол, свршен
Дозволи некој да се распушти.
Албански: lazdëroj, lë në vete
Употреба: Преносно значење

распрди повеќе

Види и: прди (несв.)
распрдат
Вид збор: Глагол, свршен
разгали
Албански: lazdëroj, përdhos
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Многу сте го распрдиле.
(се распрди) се разгали
Албански: prdhos, lazdëroj
Употреба: Преносно значење , Разговорно

распушти повеќе

распуштат
Вид збор: Глагол, свршен
Ослаби контролата над некого, направи некој да стане своеволен, недисциплиниран.
Албански: kryeneç
Употреба: Преносно значење
(се распушти) Стане своеволен, недисциплиниран, непослушен.
Албански: kryeneç
Употреба: Преносно значење

скисне повеќе

(се) скиснат
Вид збор: Глагол, свршен
За храна - се скисели, добие лош вкус, се расипе.
Албански: thartoj, prishë
Употреба: Гастрономија

тимари повеќе

тимарат
Вид збор: Глагол, несвршен
мазни, разгалува