scratch - онтологија

гребаница повеќе

мн. гребаници
Вид збор: Именка, женски род
Гребнато место.
Употреба: Медицина

гребе повеќе

гребат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Драска нешто со нокти или со нешто остро.
Албански: grith, gërvish
Симнува нешто од површината.
Албански: grith, gërvish
Создава чувство на гребење.
Албански: gërvish

гребеница повеќе

Види и: гребаница (ж.)
мн. гребеници
Вид збор: Именка, женски род
гребаница

гребнатина повеќе

Види и: гребаница (ж.)
мн. гребнатини
Вид збор: Именка, женски род
гребнато место
Употреба: Медицина

гребнатинка повеќе

Види и: гребаница (ж.)
мн. гребнатинки
Вид збор: Именка, женски род
гребаница
Употреба: Деминутив

гребне повеќе

гребнат
Вид збор: Глагол, свршен
Гребе еднаш или повеќепати по малку, по еднаш.

грепка повеќе

грепкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Гребе по малку.
Албански: gërvisht
Употреба: Деминутив

грепчи повеќе

грепчат
Вид збор: Глагол, несвршен
гребе

дере повеќе

дерат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Предизвикува болка на гребење.
Албански: çjerr, gërvin
Употреба: Преносно значење

догребе повеќе

догребат
Вид збор: Глагол, свршен
Извади нешто од некоја површина со стружење, гребење.
Албански: gërvisht deri në fund

доизгребе повеќе

Види и: изгребе (св.)
доизгребат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгребе нешто до крај, сосема.

драпа повеќе

драпаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Силно чеша.
Албански: gërvisht
(се драпа) Силно се чеша.
Албански: gërvisht

драска повеќе

драскаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Повредува, оштетува некого или нешто гребејќи со нокти или со остар предмет.
Албански: gërvisht
(се драска) Се гребе, се повредува со или од нешто.
Албански: gërvisht

драсканица повеќе

мн. драсканици
Вид збор: Именка, женски род
Рана добиена од драскање.

драскотница повеќе

Види и: драсканица (ж.)
мн. драскотници
Вид збор: Именка, женски род
драсканица

драсне повеќе

драснат
Вид збор: Глагол, свршен
драска
Албански: gërvisht
Примери:
Ме драснал на рамото.
(се драсне) се драска
Албански: gërvisht
Примери:
Тој се драсна од гранките на драката.

дрпа повеќе

дрпаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се дрпа) Се чеша грубо.
Албански: gërvisht

дрпка повеќе

(се) дрпкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се дрпа по малку, полека.
Употреба: Дијалектен збор

загребе повеќе

Види и: гребе (св. и несв.)
загребат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да гребе.
Албански: gërvisht
Закачи, допре нешто при движење.
Албански: var
зачеша
Албански: gërvisht
(се загребе) Почне да се гребе, да се драска.
Албански: gërvisht

задрапа повеќе

Види и: драпа (несв.)
задрапаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да драпа.
Албански: kruaj
(се задрапа) се чеша
Албански: kruaj

зачепка повеќе

Види и: чепка (несв.)
зачепкаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се зачепка) Почне да се гребе.
Албански: gërvisht

зачеша повеќе

зачешаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да чеша.
Албански: gërvisht
Чеша малку, во помала мера и со намален интензитет.
Албански: gërvisht
(се зачеша) Почне да се чеша.
Албански: gërvisht

здрапа повеќе

Види и: драпа (несв.)
здрапаат
Вид збор: Глагол, свршен
Одненадеж почне да драпа.

здраска повеќе

здраскаат
Вид збор: Глагол, свршен
Одненадеж почне да драска.
Албански: gërvisht
Одненадеж почне да чкрта.
Албански: gërvisht
Употреба: Преносно значење
(се здраска) Одненадеж почне да се гребе со некого.
Албански: gërvisht

избоцка повеќе

Види и: боцка (несв.)
избоцкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Боцка во голема мера
Албански: shpoj

изгребе повеќе

изгребат
Вид збор: Глагол, свршен
Оштети со гребење до крај, целосно издраска.
Албански: gërvish
Иструже, отстрани со гребење.
Албански: gërvish, heq
(се изгребе) се издраска
Албански: gërvishem

издраска повеќе

издраскаат
Вид збор: Глагол, свршен
Повреди, оштети драскајќи.
Албански: lëndoj, gërvisht

изнадраска повеќе

Види и: драска (несв.)
изнадраскаат
Вид збор: Глагол, свршен
Издраска многу, во голема мера.
Албански: gërvisht
Пишува многу без некој ред (и смисла), со лош ракопис, грубо.
Албански: gërvisht
Употреба: Пејоратив , Преносно значење
(се изнадраска) се издраска
Албански: gërvisht

исчеша повеќе

исчешаат
Вид збор: Глагол, свршен
чеша
Албански: kruaj

нагребе повеќе

нагребат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгребе, гребне малку.
Албански: gërvishtem
(се нагребе) Се изгребе, се гребне малку.
Албански: gërvishtem
(се нагребе) Изгребе доволно или во голема мера, до задоволување.
Албански: gërvishtem thellë

надраска повеќе

надраскаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи драсканица на кожа или на некоја површина.
Албански: gërvisht

напорка повеќе

мн. напорки
Вид збор: Именка, женски род
гребаница, гребнатинка

начепне повеќе

начепнат
Вид збор: Глагол, свршен
Открши, откине малку од нешто.

начпара повеќе

начпараат
Вид збор: Глагол, свршен
Гребне, направи гребаница со нешто остро (игла, нокт, трн).
Албански: gërvisht
(се начпара) Се гребне, си направи гребеница.
Албански: gërvishtem

огребе повеќе

огребат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи гребаница, издраска некого или нешто со нокти, со остар предмет, со трње и сл.
Албански: gërvisht

одере повеќе

одерат
Вид збор: Глагол, свршен
Оштети површина на кожата.
Албански: gërvisht

очеша повеќе

очешаат
Вид збор: Глагол, свршен
Гребне, драсне малку (по површината, по кожата).
Албански: gërvisht
(се очеша) Се гребне, се драсне малку; се допре при движење, при одење.
Албански: gërvisht

подрапа повеќе

Види и: драпа (несв.)
подрапаат
Вид збор: Глагол, свршен
Драпа малку, кратко време.
(се подрапа) Се драпа малку, кратко време.

подраска повеќе

Види и: драска (несв.)
подраскаат
Вид збор: Глагол, свршен
Драска малку, кратко време.
(се подраска) Се драска малку, кратко време.

поогребе повеќе

Види и: огребе (св.)
поогребат
Вид збор: Глагол, свршен
Огребе, оструже нешто во некоја мера.

почеша повеќе

почешаат
Вид збор: Глагол, свршен
Чеша малку.
Албански: kruaj
(се почеша) Се чеша малку.
Албански: kruaj pak

прочепка повеќе

Види и: чепка (несв.)
прочепкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Чепка, исчепка малку, донекаде; со чепкање отстрани нешто.
Албански: shkëpurdh, dlir

раздере повеќе

раздерат
Вид збор: Глагол, свршен
Причини драска на кожата, огули, изгребе.
Албански: gërvisht
(се издере) Се огули, се изгребе.
Албански: gërvisht

раздрапа повеќе

раздрапаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со чешање разрани.
Албански: gërvisht
Примери:
Многу си ја раздрапал ногата.
(се раздрапа) Почне многу да се чеша.
Албански: gërvishtet
Примери:
Што си се раздрапал, срамота е.

расчеша повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
Со чешање разрани.
Албански: kruaj fort
Примери:
Не го оставај детето да ја расчеша раната.
(се расчеша) Почне да чеша.
Албански: fillon të kruhet

рецка повеќе

мн. рецки
Вид збор: Именка, женски род
гребаница

струже повеќе

стружат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чисти нешто со струшка, нож и сл.
Албански: gërvin
Чисти со триење.
Албански: gërvin

удраска повеќе

удраскаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгребе, гребне, направи гребаница (со игла, нокт).
Албански: gërvisht
Примери:
Си го удраска вториот прст си го изгреба показалецот.
(се удраска) се изгребе, се гребне
Албански: gërvishtem

чепка повеќе

чепкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За живина, бара јадење.
Албански: gdhend
Примери:
Кокошките си чепкале на буниште.

чеша повеќе

чешаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Гребе, драска со нокти и каде што има јадеж.
Албански: gërvisht, kruj
(се чеша) се гребе
Албански: gërvish, kruhem

чешка повеќе

Види и: чеша (несв.)
(се) чешкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) чеша
Албански: kruај
Употреба: Деминутив

чешне повеќе

(се) чешнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) чепка

чопка повеќе

Види и: чепка (несв.)
(се) чопкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
чепка
Употреба: Дијалектен збор