salt - онтологија

досоли повеќе

Види и: соли (несв.)
досолат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави уште сол, во доволна мера.
Албански: kripos
Употреба: Гастрономија

засоли повеќе

Види и: соли (несв.)
засолат
Вид збор: Глагол, свршен
соли
Албански: kripos
Употреба: Гастрономија
Почне да соли.
Албански: kripos
Употреба: Гастрономија

крушец повеќе

мн. крувци
Вид збор: Именка, машки род
Зрно крупна немелена готварска сол.
Албански: kripë e trashë
Употреба: Гастрономија

насоли повеќе

насолат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави сол, осоли нешто колку што е потребно, доволно.
Албански: kripos

осоли повеќе

осолат
Вид збор: Глагол, свршен
Тури сол на нешто, посоли со сол, направи нешто да биде солено.
Албански: kripëroj, kripos
Употреба: Гастрономија
(се осоли) Земе, касне нешто солено.
Албански: njelmosë
Употреба: Гастрономија

понасоли повеќе

Види и: насоли (св.)
понасолат
Вид збор: Глагол, свршен
Насоли, посоли уште малку, донекаде.
Употреба: Гастрономија
Засоли, потсоли малку, донекаде.
Употреба: Гастрономија

поосоли повеќе

Види и: осоли (св.)
поосолат
Вид збор: Глагол, свршен
Осоли малку или уште малку.

посоли повеќе

посолат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави сол на нешто, потури со сол.
Албански: kripos
Употреба: Гастрономија

сол повеќе

мн. соли
Вид збор: Именка, женски род
(едн.) Бела кристална супстанца со специфичен вкус што се додава кон храната, натриум хлорид.
Латински: NaCl Албански: kripë
Употреба: Гастрономија
Соединение на киселина со метал.
Албански: kripë
Употреба: Хемија

соли повеќе

солат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сипе сол во нешто, посипува со сол.
Албански: kripos
Употреба: Гастрономија
Примери:
Соли јадење.

солца повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
сол